На 01.11.2024 година во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(33) од Велес и мопед марка „Џонвеј“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.К.(55) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес – се здобил возачот на мопедот. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР-Велес.