Како што соопшти полицијата во својот дневен билтен вчера во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице од селото Велгошти, охридско, излетало од коловозот.
Полицијата информира дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, вели МВР.