-Точно е дека балансерот се злоупотребува. Тоа е непобитен факт. Овој мандат ги имаме првите вработувања и фект е дека од човечки ресурси луѓето знаат колку места ќе има во општината. Се знае дека на пример треба да се вработат 13 Албанци, четири Македонци, двајца Турци, еден Ром и горе долу знаат кој ќе конкурира и одат да се запушуваат така како што мислат дека ќе имаат помала конкуренција. Тука не можеш да ги спречиш, оти човек како се осеќа себе си може и така да се декларира и тоа не може никој да го негира, изјави градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. и додава дека е потребно да се најдат превентивни мерки за да нема злоупотреби.
-Продолжувам да мислам дека можеби треба да се донесе посебен Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници. Можеби со таков Закон може да се предвидат механизми по членови во тој Закон со кој што би се стопирала злоупотребата, потенцира Таравари, говорејќи на јавениот настан организиран од ЦИВИЛ на тема „На чија услуга е балансерот“.
Дамјан Варошлија
Камера: Александар Ризински
Реализација: Ариан Мехмети
извор: Civilmedia.mk