„Ова е нова реалност на ВМРО-ДПМНЕ, со која покажуваат дека го промениле ставот со кој што излегоа на избори пред граѓаните, и не само што е нова реалност Преспанскиот договор и јасно кажуваат дека ќе го употребуваат уставното име Република Северна Македонија, она што ВМРО-ДПМНЕ долго време го претставуваше како предавство,“ посочи Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, во дебата со Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека тоа е изборна лага која ВМРО-ДПМНЕ им ја направило на граѓаните. Како и дека ги излажало дека сите институции ќе бидат застапувани од страна на македонци, ги излажа дека ќе го променат Преспанскиот договор, за да сега пред целата македонска јавност да биде кажана не само дека е новата реалност , туку и дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупната нивна употреба.

„Тоа е лицемерието, дека ги излажаа граѓаните. Никогаш “Северна“ велеше и нивниот претседател, а сега се случува токму спротивното,“посочи Талески.