„ВМРО-ДПМНЕ не дадоа одговор како ќе ја продолжиме европската интеграција на државата. Уставни измени. Не, тие ветуваа дека ќе ја променат преговазрачката рамка. Ги прашувам како ќе биде променета преговарачката рамка?,рече Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Тој посочи дека истото се случува како со примената на уставното име на државата. На избори со истата теза ги излажале граѓаните.

„Ги изманипулираа граѓаните, добија гласови и сега бараат начин како да ретерираат за таа работа. Ние имаме јасен став, и остануваме на тој став да го градиме евроинтегративниот процес на државата затоа што само со интеграција на државата има надеж за граѓаните на оваа држава да живеат подобро. Но очигледно ВМРО-ДПМНЕ бараат начин да избегаат од овие горки теми,“ порача Талески.