Во текот на изминатата вечер (13/14.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. При тоа приведени биле пет лица од кои едно лице по член 80 од Закон за оружје, две лица по Закон за лична карта и две лица по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти полицијата.

За време на акцијата беа спроведени и сообраќајни контроли во Чаир и Центар при што санкционирани биле 35 возачи, а одземени се два мотоцикли. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, соопшти МВР.