На 04.11.2026 во 16:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Добарце и Чифлик се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 55-годишник од с. Чифлик, тетовско, и четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 34-годишник од с. Ларце.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, додека со телесни повреди се здобиле неговиот 16-годишен сопатник и возачот на „опел корса“. Повредите се констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.