На 19.06.2023 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, сопственост на МВР и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(30) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот В.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.