На 13.12.2025 околу 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патот Гостивар-Тетово, пред с.Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(23) од с.Урвич, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б. (27) од с.Пирок, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“ С.Х. и сопатникот од патничкото возило „мерцедес“ Р.С.(52) од с.Пирок, тетовско, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.С.(29) од Австрија и две деца, како и возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Клиничка болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
