„На Еразмус собирите владее еден фанстастичен дискурс кој промовира прогресивни колективи и на некој начин промовира сплотеност. Се работи за едномесечен престој кој што буквално може да ти го смени животои и да ти вдахне некои нови вредности, некои нови методи на функционирање , на просвета и слично кои ти надежно ќе ги имплементираш во својата академска заедница утре“ изјави студентската правобранителка на УКИМ, Викторија Постоловска во интервју за „Трн“.

Таа додаде дека се води од европски принципи и вредност и дека треба таквите принципи да се имплементираат во нашиот систем.

„Ако користењето на европски фондови, градење на европски цели и слично, ако тие европски организации, проекти на некој начин промовираат придвижување, тогаш сметам дека треба да се имплементираат тука“ рече Постоловска.

Според неа младите треба да направат разлика помеѓу конструктивното и трулото и да се борат за подобро утре, а тоа најдобро ќе го остварат доколку ги искористат можностите кои ги нуди ЕУ и ги посетат европските центри.