Во времето на поранешна Југославија, домаќинките немаа толкава разновидност во изборот на храна, па често се задоволуваа со она што го имаат – тоа го роди овој специјалитет.

Ви носиме југословенски рецепт за супа од боранија.

Состојки за 4 лица

  • 500 грама боранија
  • 500 грама домати
  • 25 грама путер
  • 1 лажица брашно
  • 1 коцка пилешко
  • магдонос
  • мајчина душица
  • сол
  • мелен пипер

Подготовка
Сварете два литра солена вода. Во меѓувреме измијте ги и исчистете ги мешунките и исечете ги на помали парчиња. Кога водата ќе зоврие, ставете ги мешунките во неа и продолжете со готвењето.

Доматите прелијте ги со топла вода, излупете ги и исечкајте ги, додајте ги во боранијата, заедно со малку мајчина душица и коцка за супа, па сè заедно сварете додека боранијата целосно не омекне.

Посебно се матат путерот и брашното и се додаваат во врелиот зеленчук.

Кога садот ќе се згусне, додадете бибер и магдонос и добро измешајте.

Ако сте љубители на месо, можете да додадете колбас за вкус.

Пријатно!