Како и секогаш, Халк Банк и овој пат пријатно ги изненади пензионерите, кои уште денес ја добија октомвриската пензија, која пак според законот треба да биде исплатена до први ноември, пишува Centar.mk.

– Драги пензионери,

Пензиите за октомври се веќе достапни!

Од денес (30.10.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Важни се луѓето!

Халкбанк АД Скопје, се вели во објавата на ХАЛКБАНК на социјалната мрежа фејсбук.