Денешната средба со амбасадорот на Република Казахстан во РСМ, Н.Е. г.Садбалди Буршаков , претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ја почна со уверување дека средбата ќе претставува извонредна можност за размена на мислења и искуства за повеќе прашања од заеднички интерес.Претседателот Гаши изрази задоволство што билатералните односи меѓу Северна Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички интерес за натамошно проширување и продлабочување посебно од економски аспект. Ставовите на двете земји во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски. Северна Македонија ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, а соработката на мултулатерален план е особено изразена во рамките на ОН и ОБСЕ.-нагласи Гаши.
Амбасадорот на Република Казахстан г.Буршаков изрази задоволство за одржување на средбата. Тој нагласи дека Казахстан е голем трговски партнер на ЕУ и од овој аспект и поддржувач на ЕУ интеграциите на нашата земја . Ја потенцираше и досегашната одлична соработка на двете земји и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња посебно во полето на економија култура и други. Двете страни ставија акцент за надеж дека во иднина ќе се продлабочи и парламентарната соработка посебно во ниво на претседатели на парламенти како и на парламентарни групи за сорабтка.
На крај на средбата двајцата соговорници се согласија дека интензивната институционална соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.