Денеска (13.08.2024) Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам.

Средбата претставуваше и прво формално претставување на портфолиото активности на оваа организација во и за нашата земја, при што Државниот секретар Петрушевски ја потенцираше важноста на меѓународната соработка општо во управувањето со миграциите, а особено во делот на справувањето со илегалната миграција, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти.

Државниот секретар Петрушевски ја изрази натамошната поддршка на Министерството за внатрешни работи во работењето на оваа меѓународна организација, осигурувајќи на тој начин и континуитет, но и интензивирање на истата во делот на билатералната соработка.