Коориднаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во одговор на новинарски прашања во македонското Собрание информираше за заклучоците од координацијата на Пратеничката група и кај Претседателот на Собранието, на којашто главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, работните тела во законодавниот дом, делгациите и групите за соработка.

Во однос на Законите кои што се најавуваат за реорганизација на министерства или реформа на администрацијата, Спасовски соопшти дека СДСМ не може да соопшти став на невидено и затоа пред да одлучи ќе ги почека законските решенија, ќе ги разгледа внимателно законските текстови, по што ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи.