Фејсбук статус на Оливер Спасовски

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

Упатувам честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за среќа, здравје и благосостојба во вашите домови, да ви бидат прифатени сите молитви, особено по завршувањето на аџилакот во Мека кој е традиција за голем број верници.

Нашата определба е за соживот и кон развој на нашиот концепт Едно општество за сите, со еднакви можности за сите и со почит кон културните, верските и етничките разлики кои ја создаваат мултиетничка Македонија.

Во традицијата на меѓусебна почит и разбирање, посакувам за сите верници празничните денови да бидат исполнети со радост и духовен мир. Нека ве следат успеси во сите ваши дела на солидарност!

За многу години Курбан Бајрам!