27 март е датум што трајно ќе остане запишан во историјата на Република Северна Македонија како денот кога станавме полноправна членка на НАТО, напиша пратеникот Оливер Спасовски на социјалнтие мрежи.
Со тоа остваривме една од најзначајните стратешки цели од независноста до денес и обезбедивме цврста гаранција за безбедноста и стабилноста на државата.
Да продолжиме со одговорни политики и јасна визија за понатамошен напредок и просперитет, додаде Спасовски.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
