Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ, во фб статус потсети на крвавиот24-ти декември, кога пратениците и новинарите беа брутално исфрлени од Собранието.
Исто така Спасовски рече дека овој датум останува траен симбол на антидемократското однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде и дека таквите настани не смеат да се заборават и никогаш да се повторат.
„Демократијата и слободата на изразување мора да бидат неприкосновени,“ напиша Спасовски.
Во продолжение целиот статус:
На 24-ти декември, пратениците и новинарите бевме брутално исфрлени од Собранието.
Овој ден останува траен потсетник на насилничкото и антидемократско лице на ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да се заборави и никогаш да се повтори.
Демократијата и слободата на изразување мора да бидат неприкосновени!