АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:

Поради асфалтирање, регионален пат P1102 Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 г. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.7. до 20.7.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 09:00 – 15:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.