На 26 октомври 2024 година, во 8:30 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците „Народна револуција“ и „Салтир Наумов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и мопед „Волта“ со кумановски регистарски ознаки.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општата болница во Куманово за медицински третман. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово, која ги истражува причините за инцидентот.