Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството.
Клучни новини:
• Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот.
• Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
• Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност.
• Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
• Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.
• Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите.
• Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот.
• Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.
Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството, велат од Министерството за правда.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
