Одговор на новинарско прашање, Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
Јас најавив дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните 7 години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе 4 месеци, ова покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година.