УЈП ја објави најновата листа на должници.

На Листата на должници бр.02/2024 објавени се 1872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3628 физички лица (помалку за 85 од претходната листа), објави Управата за Јавни Приходи.

– Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2024 изнесува 10.345.995.706 денари, (повеќе за 242.063.868 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.141.312.568денари, (повеќе за 220.936.090 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 204.683.138 денари (повеќе за 21.127.778 денари од претходната листа), се вели во информацијата.

Листата е достапна ТУКА.