Пензиите за овој месец на сметките на пензионерите ќе бидат исплатени на 1 декември 2023 година.

Пензијата од септември беше покачена за околу 5 отсто, а следното покачување е најавено за март 2024 година.

Помош за пензионерите кои добиваат пониска пензија од 20.175 денари најави владата со новиот сет мерки кој се очекува да биде усвоен неделава на владина седница.

Дополнителните средства кои ќе ги определи владата ќе легнат на сметките на пензионерите во следните месеци.

Извор: BiznisPRO.com