Во текот на овој месец се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.

Се работи за исплата на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември минатата година.

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.

Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети кај повеќе од 500.000 корисници на оваа мерка.