„Во песната ‘Отворено писмо’, ‘Силата ЕУ младите’ е хајлатот, така завршуваше. ‘Возот ни доцни, не дозволувајте да ни побегне’, но возот како да не стигна, како да заглавил негде. Не знам каде заглави. Викаат накај Софија или Солун, но јас знам дека немаме пруга таму. Ваљда е негде овде заглавен, меѓу нашиве локални пруги“ рече раперот Марко Маринковиќ Слаткар во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“.

Со песната тој во 2018 година даде поддршка за референдумот за прифаќање на Договрот од Преспа, а сега додава дека се согласува дека иднината е во младите, но дека и тие треба да се охрабрат малку и да ги тргнат старите окови.

„Мора да се охрабрат малку, да ги тргнат оние стари окови што ни се зкачени, дека ова сме или не сме. Или дека ќе си издајник ако си разумен. Јас пак мислам дека овие што не се разуми се душмани и издајници. Младите мора да знаат дека тие се тие што ќе решат на каде се движи оваа држава и верувам дека тие се тие што ќе го дочекаат тој воз што е заглавен меѓу станици“ рече Слаткар.

Раперот додаде дека географски е решено дека земјава е дел од Европа и дека нема други опции освен патот кон ЕУ.