Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјава, каде температурата ќе се искачи до околу 32°C, додека во останатите делови ќе се движи претежно меѓу 26 и 31°C.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.