Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен правец, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Утрото ќе биде свежо до умерено топло, со минимални температури од околу 7 до 12 степени, во зависност од регионот. Во западните делови се очекуваат пониски утрински вредности, додека во јужните и централните предели утрото ќе биде нешто потопло.

Во текот на денот температурите значително ќе пораснат. Максималните дневни температури ќе се движат од 24 степени во западните делови, до 34 степени во централните, јужните и југоисточните региони. Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови од земјата.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.