Поинтензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има помеѓу Тетово и Скопје. Умерени врнежи проследени со грмежи има во Крива Паланка и околината, информира УХМР.
Силното невреме проследено од град било забележано и на автопатот Скопје – Тетово, засега нема информации за евентуални штети.
Од УХМР наведуваат дека според радарската слика има слаби до умерени врнежи од дожд во западните делови. Источно од Кратово има пороен дожд и појава на грмежи, а југоисточно од Прилеп, во Мариовскиот регион пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...