Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес . Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер.

Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер.

Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и можна појава на град.