На 11 декември 2025 година во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:30 часот, на подрачјето на Карпош, четири малолетни лица физички нападнале 13-годишно момче кое го познавале.

При нападот, едно од малолетните лица употребило тврд предмет, по што на момчето му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.