На 03.10.2024 во 09.20 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип привеле лице(36) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (04.10.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.10.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.10.2024 во 22.10 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(51) од с.Визбегово, скопско и лице(39) од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (04.10.2024) во 07.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле лице(33) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (04.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (04.10.2024) во 01.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници лишиле од слобода лице(32) од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.