На 29.10.2026 во 09:00 часот на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 38-годишен жител на село Долна Бањица.

Тој се сомничи дека сторил повеќе кривични дела „кражба“ во текот на минатиот и овој месец на подрачјето на Гостивар.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.