На 26.02.2025 во 19.20 часот во с.Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар привеле лице(35) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 27.02.2025 во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(27) и лице(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2025 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода лице(22) и лице(22), двајцата од Куманово. Претходно, на ул.„Фетка Наскова“, тие не застанале на даден знак од полициски службеници и притоа фрлиле две тегли со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицата се приведени, а при приведувањето ги нападнале полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2025 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице (28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.02.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода (51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.02.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.02.2025 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода лице(22) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 26.02.2025 во 22.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода лице(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.