На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице (37) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш лишиле од слобода лице(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 17.45 часот на магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишиле од слобода лице од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола. Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 09.15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате лишиле од слобода лице.(39) од гостиварски Добридол, поради сомнение дека извршил „тешка кражба“ на подрачјето на Гостивар. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 22.07.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода лице(30) од Велес и лице.(23) од с.Белче, демирхисарско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.07.2024 во 17.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле лице (19) од тетовско Добарце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 22.07.2024 во 20.10 часот во с.Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце привеле лице (43) од истото село, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.