Денеска (05.04.2023) во 10.05 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода Т.П.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 04.04.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.К.(33) од Прилеп и Т.П.(23) од Битола. При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.04.2023 околу 09.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Т.(32) од тетовско Одри и А.А.(34) од тетовско Слатино. Тие се сомничат дека извршиле кражба од објект во изградба на улица „Илинденска“, сопственост на 57-годишниот С.Х. од тетовска Мала Речица, а во чија фирма двајцата биле вработени. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.04.2023 во 23.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.