На 25.02.2025 во 21.00 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица(24) и (24), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 15.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 20.45 часот во с.Соње, скопско , полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 11.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 17.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 08.12 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при обиколка на затворот околу надворешната страна на ѕидот биле пронајдени едно пакување со марихуана и едно пакување со грутчеста материја. Полициски службеници од СВР Штип ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
На 25.02.2023 во 21.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип привеле лице(21) од Штип, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
