На 14.06.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(50) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.06.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.А.(21) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.06.2024 во периодот од 21.30 до 23.45 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода тројца, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.