На 29.10.2026 во 10:45 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце лишија од слобода 60-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 30-годишен син по кратка расправија во семејниот дом.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.