На 04.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода седум лица: четири лица од Скопје на возраст од 31, 38, 37 и 26 години, 19-годишно лице од с. Луково, струшко, 24-годишно лице од Тетово и 26-годишно лице од с. Кондово, скопско.

Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, таблета и течност. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.