Неколку патници загинаа кога мал авион се урна во близина на националниот споменик на браќата Рајт на аеродромот „Фрв лет“ во американската сојузна држава Северна Каролина, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во саботата во 17 часот во шумска област на аеродромот, кој се наоѓа во близина на градот Кил Девил Хилс, соопшти Службата за национални паркови (НПС).

Како што се посочува, очевидците рекле дека авионот се обидувал да слета на аеродромот, а откако се урнал дошло до пожар.

НПС потврди дека има повеќе жртви, но не е познато колку луѓе имало во авионот во моментот на падот.