Власта подготвува нова рестриктивна мерка за граѓаните, овој пат како што велат за да се заштити здравјето на пушачите, објави Centar.mk.

Според предлог Законот кој е досега најригорозен во македонската историја, забрането ќе биде пушење на цигари во затворени простории на угостителски објекти, но и на тераси, ако не бидат целосно отворени од три страни.

Забрането ќе биде пушење и во автомобил. Нема да смее да се пуши на железнички и автобуски станици, пазари и други јавни површини.

Најголемата новина е и тоа што на исто ниво како обичните цигари ќе бидат законски ставени и електронските цигари. Забранети во целост ќе бидат ароматизираните цигари.

Се забранува и поставување на видливо место на кутиите цигари по рафтовите на продавниците.

Новиот закон се очекува деновиве да се најде како предлог, а потоа да биде и изгласан во Собрание.