Откако премиерот вчера соопшти дека ќе биде направена корекција на акцизите за бензинот и дизелот, денеска РКЕ треба да одлучи по новите цени коки ќе траат до следниот понеделник.
Според податоците на светските берзи цената на барел нафта од типот брент се продава за 108 до 109 долари за барел, слично беше и минатата недела.
Со одлуката на властите за корекција на акцизите, не се очекуваат поголеми промени на крајната цена на бензинот и дизелот во Македонија, но сепак конечната одлука ќе падне напладне во РКЕ.
Во моментов цените на горивата изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 84 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95.5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 85.5 ден/л
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
