На 29.07.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од с.Ржаничино, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(28) од с.Сингелиќ, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.