Соопштение на СДСМ:

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде.

Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата.

Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават.

Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар.

Зошто не се објавува документ за водата?

Нема документи, нема анализи, нема кој потпишал и одобрил.

Како граѓаните сега да веруваат кога нема ниту извештај, ниту кој потпишан, ниту кој одобрил да се користи водата како техничка?

Никој не им верува на изјавите на Мицкоски и Клековски затоа што многу лажат.

Веќе ги криеја резултатите и тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар.

Не може граѓаните да им веруваат кога министерот за полиција кој нема никакво познавање и експертиза а се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање.

Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода?

Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денеска да се објават јавно извештаите за водата во Гостивар.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста.