Соопштение на СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, Кочоска и Мицкоски фингираат податоци за јавниот долг
Среде криминалниот скандалот со Алта банка, Кочовска и Мицкоски фингираат податоци за јавниот долг за да го прикријат историското задолжување на криминалната банда.
Додека скандалот со Алта банка ја тресе јавноста и се бара одговорност од Мицкоски и Славески, неговите министри се во паника и прават се за да го заштитат, па дури и преку фингирање економски податоци.
Дента кога се обелодени скандалот со Алта банка, министерката за финансии Кочоска, направи ново криминогено дело со досега невидена манипулација со официјалните податоци за јавниот долг.
Кочоска објави дека во третиот квартал годинава јавниот долг пораснал за над 300 милиони евра во однос на вториот, и веќе во септември изнесува 11 милијарди евра.
Јавниот долг се зголемеил, ама магично се намалил во проценти, од претходните 58,8% во вториот квартал на 56,6 % од БДП во третиот квартал.
Вакво скандалозно фалсификување на податоци министерството за финансии нема направено никогаш од осамостојувањето, па дури и во времето на бегалецот Груевски.
Вчера таа лично во јавност го потврди скандалозниот фалсификат со кој бесрамно реши да манипулира и да ги фингира податоците за јавниот долг. Тоа се поклопува со најцрниот извештај на ЕК. Овој криминален потег е само потврда за хаосот кој владее во институциите.
Кочовска ги крие сите претходни табели за јавен долг, СДСМ ги обелоденува.
Највуваме, дека и за овој фалсификат ќе следува одговорност.