Соопштение на СДСМ:

Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија.

После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти?

Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден.

Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода.

Не Орце со дрон да ја испитува водата од воздух.

Не Тошковски, кој наместо да си ја работи својата работа, се занимава со хиперхлорирање на водата во Гостивар.

Сега уште едно признание или само барање нов алиби?

Мицкоски едно прашањето од граганите: кој од вас ќе одговара за труењето на цела Македонија?