Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Она што СДСМ го најави пред граѓаните уште пред еден месец се потврдува.

Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО, „Српска Демократска лига“.

Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ веќе е целосно маргинализиран и се дели,

Нивната улога сега е сведена само на гласање закони по налог на ВМРО и давање легитимитет на тендерската коалиција и криминалните зделки со тендери.

Сега, откако ЗНАМ ја исцрпи својата употребна вредност, ВМРО оди чекор понатаму, прави нова сателит партија.

По copy-paste моделот преземен од Вучиќ и СНС, нивната сестринска партија, со цел создавање контролирана опозиција и дополнително збунување на гласачите.

Станува збор за т.н. „Српска демократска лига“, директна копија на Српската лига, со изразен проруски наратив и отворена поддршка на политики кои не се во интерес на европската иднина на Македонија.

Во ова сценарио се споменува и Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни релации со структури блиски до СНС, со задача да ја игра улогата како ЗНАМ. Паралелно со работаа на Стоилковиќ кој ги координра активностите во име СНС и БИА.

СДСМ располага со информации дека имало повеќе обиди за врбување на членови на СДСМ за приклучување кон ова ново движење но без успех.

Разговори се водат и со поединци кои се уценуваат или се обидуваат да бидат купени со финансиска поддршка обезбедена од ВМРО.

Целта е јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ.

Затоа се постојаните напади врз СДСМ. Затоа не престануваат црните кампањи. Затоа се обидите за внатрешно разнебитување.

Нема одговор за 5 тони дрога но затоа има дефокус и нова сателит – партија.

Но, СДСМ нема да дозволи сценарија на контролирана опозиција и политички инженеринг по туѓи модели.