Соопштение на СДСМ:

Од паника, ДПМНЕ веќе не знае што прави.

Средствата од ИПАРД, наменети за земјоделците, се блокирани од Европската комисија, 130 милиони евра програма, па сега темата ја бараат во кадрите на СДСМ.

Подобро да се занимаваат со сопствените кадри – очигледно е дека на многумина од нив им се подготвува патот кон затвор.

161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, тендери за студенти на Мицкоски…

САД испраќаат нови амбасадори по усвојувањето на Законот за Западен Балкан каде еден од столбовите секако е борбата против корупцијата.

Па ќе видиме што ќе каже Вашингтон за Алта банка и поврзаноста меѓу ДПМНЕ и СНС на Вучиќ.

Сега напаѓаат поединци во СДСМ: еден што му доделил плакета за придонес кон младите на Заев,
друг што „недоволно ги средил затворите“. Повторно Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија.

Очигледно, премногу се занимаваат и се грижат за затворите – изгледа условите не им одговараат.

Па средете ги додека сè уште сте на слобода, не трошете сè на вашите тендери.

Парите таму нема да ви бидат потребни.