Соопштение на СДСМ:

Како што јавуваат сите европски медиуми претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнале договор за нови правила: мигрантите, барателите на азил ќе се депортираат во „трети безбедни земји“, надвор од ЕУ.

Клучното прашање е: Кои се тие „трети безбедни земји“?

Земјите од Балканот, кандидатите за членство, држави надвор од ЕУ, меѓу нив и Македонија.

Албанија веќе ги прими првите мигранти, Косово исто така, која е следна земја?

Прашањето е дали Македонија е следната земја која за пари ќе го направи тоа?

Бидејќи власта сака да забрани да говориме за мигранти тука ќе застанеме, граѓаните сами ќе го дадат одговорот.